Се’ повеќе се рушат и последните надежи за пристоен дијалог за решавање на проблемот меѓу Македонија и Бугарија.
Копретседателот во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓорѓиев во изјава за „ДВ“ вели дека именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името „Ванчо Михајлов“ не претставува ништо друго, освен смислена провокација.
„Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. И кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, па дури и како чин кој преминува на спротивната страна од т.н. пријателство“, оценува Ѓоргиев.