![Serggej Surovikn](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/Serggej-Surovikn.jpg?resize=696%2C393&ssl=1)
Од позицијата началник на генералштабот на руските воздушно-космички сили сменет е досегешниот командант Сергеј Суровикин, познат како „генерал Армагедон“, кој подогло време не е присутен во јавноста по кусиот бунт на приватната воена групација „Вагнер“, известуваат во средата руските медиуми.
„Поранешниот врховен командант на Воздушно-космичките сили, генералот Сергеј Суровикин во моментов е разрешен од должноста, генерал-полковникот Виктор Афзалов, досегашниот началник на Генералштабот на Воздушно-космички сили привремено ја извршува функцијата врховен командатан…“ на овој род во руската армија, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на неименуван соговорник.
Афзалов веќе ја извршуваше должноста врховен командант на Воздушните-космички сили, кога Суровикин командуваше со Обединетата групација војски во зоната на „специјалната воена операција“ во Украина.
Афзалов всушност претходно беше заменик на Суровикин и беше началник на генералштабот на Воздушно-космичките сили најмалку четири години. Во јули Афзалов во отсуство на Суровикин на телевизијата беше прикажан како му поднесува рапорт на началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов.
Како што објави интернет ресурсот РБК и воениот блог под псевдоним Рибар кој има доверливи информации за случувањата во руските вооружени сили, повикувајќи се на свои извори, Суровикин бил разрешен од должноста поради префрлање на друга позиција, која не е наведена, и оти генералот е на одмор.
Сергеј Суровикин беше назначен за врховен командант на воздушните сили во октомври 2017 година. Пред тоа командуваше со руската борбена група во Сирија, каде што го доби медиумскиот прекар „генерал Армагедон“ поради неговата наводна жестокост, а беше и командант на Источниот воен округ. Во октомври 2022 година беше назначен за командант на група сили во зоната за специјални воени операции, а во јануари годинава стана заменик командант. Нему му се припишува одбранбената линија по должината на фронтот во Украина, кој украинскит трупи веќе трет месец не успеваат да ја пробијат.
Руските медиуми не ја споменуваат воопшто, додека западните ја истакнуваат ситуацијата со Суровикин по еднодневниот бунт на приватната паравоена групација „Вагнер“ кон крајот на јуни. Тогаш беше емитувана водео-снимка на Суровикин од темна замрачена просторија со „калашников“ на скутот, снимено на непозната локација, во која со закана го повикува шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин да се повлече од маршот кон Москва за да го смени рускиот воен врв.
Пригожин, инаку, во своите чести претходни критики на водството на руската армија, го фалеше токму Суровикин. По запирањето на бунтот, Суровикин исчезна од јавноста, а западните медиуми пошуваа дека против генералот се води истрага поради можно учество во вооружениот бунт и дека е во наводен домашен притвор. Досега фунцкионери од руското Министерство за одбрана само еднаш официјално го споменаа генералот Суровикин, тврдејќи дека тој е на одмор и тогаш најавувајќи дека ќе извршува нова должност.