![Izbori-MKD-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Izbori-MKD-750x430-1.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
-Во втората половина од мај, односно првата на јуни месец годинава, ќе бидат познати имињата кои ќе бидат дел од Коалицијата „Твоја Македононија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за локалните избори, обелодени премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во врска со претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври годинава.
-Во рамките на партијата и Коалицијата имаме внатре-партиска демократска процедура- секој кој има амбиција, програма, визија, платформа за некој од општините кој што цени дека може да додаде вредност, да се пријави и ќе биде вклучен во мерењата, тоа е коалиционен механизам и откако ќе се сублимираат резултатите ќе излеземе во јавноста со имиња, додаде Мицкоски.