Имобиле продаден на Борусија Д. за 19.5 милиони евра

Раководните лица на германскиот бундеслугаш Борусија од Дортмунд најпосле успеаа во намерата да ги осигураат услугите на репрезентативецот на италија и стандарден првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Торино, Чиро Имобиле.

Германските медиуми потврдија дека пред неколку часа е постигнат договор околу продажбата односно купувањето на 23-годишниот напаѓач кој е во ко-сопственост на лутите градски ривали, Торино и Јувентус.

Двата клуба ќе заработат по 9.75 мил. евра од продажбата на Имобиле кој е ангажиран како наследник на полскиот интернационалец, Роберт Левандовски.