Имотот на Сашо Мијалков останува замрзнат

Имотот на екс началникот на УБК Сашо Мијалков останува замрзнат. Скопскиот кривичен суд ја потврди одлуката за забрана за оттуѓување на становите и хотелот Мериот во вредност од милиони евра. Ваквото решение го образложува дека постои основано сомнение дека потекнува од кривично дело, а се им се забранува и на правните лица да располагаат со нивните удели.

Инаку имотот на Мијалков е запленет како дел од истрагата Империја за која Телма веќе пишуваше дека е прошиена и ке опфати нови осомничени, нови кривични дела и фирми кои се вплеткани во мрежата на перење пари и затајување данок.

Во истрагата инаку до сега е опфатен биснисменот Орце Камчев, Цветан Панделевски – „Пелистерка“, Ненад Јосифовиќ, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа и уште седуммина, но според најавите овој список не е конечен.