Импровизираниот Луна Парк пред „Борис Трајковски“ сè уште работи, демонтжата не е почната

Импровизираниот Луна Парк пред спортскиот центар Борис Трајковски, иако без дозвола, сè уште работи.

Иако првично се најавуваше демонтажа на реквизитите, сепак тоа не се случи.

На терен излегоа повеќе институции меѓу кои Град Скопје, од каде порачаа дека извршиле надзор и презеле мерки по што го казниле правното лице, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, како и од Општина Карпош.

Сите утврдиле неправилности, но се чини дека тоа не е доволно, па паркот нормално си работи.