Имунолошкиот одговор е можно објаснување за појавите на згрутчување по вакцинирањето со „AstraZeneca“

Европски и канадски научници можеби го откриле појаснувањето за ретките но сериозни појави на крвни згрутчувања кај некои лица вакцинирани против коронавирусот со „AstraZeneca“, објави агенцијата Reuters.

Научниците веруваат дека станува збор за феномен на оној кој ретко се случува со лекот „хепарин“ за „разретчување“ на крвта, познат како тромбоцитопенија предизвиана со „хепарин“ (HIT).

Во таа форма на тромбоцитопенијата, лекот го покренува имунолошкиот систем на производтво на антитела кои ги активираат тромбоцитите, коишто инаку предизвикуваат згрутчување на крвта.

И други лекови покрај „хепаринот“, исто така, може да предизвикаат нарушување на згрутчување кое многу наликува на HIT и научниците мислат дека во ретките случаи и вакцианта на „AstraZeneca“ може да биде таков „иницијатор“.

Кај четири претходно здрави лица кои ја примиле вакцината на „AstraZeneca“ се развиле потенцијално смртоносните згрутчувања, а имале ист вид антитела коишто ги активираат тромбоцитите и поттикнуваат создавање згрутчувања во тромбоцитопенија предизвијата со „хепарин“, пишуваат германски, австриски и канадски научници во студијата објавена во понеделникот во научното списание Research Square.

Меѓутоа, ова истражување сѐ уште ја нема минато стручната научна рецензија.

Дваесет вакцинирани лица кои не разгеле згрутчувања, немале такви антитела.

Во коментарот објавен со истражувањето се напомнува дека тромбоцитопенијата е предизвикана од лековите може да се лекува, доколку точно биде дијагностицирана.

Милиони луѓе ја примија вакцината на „AstraZeneca“ без никави проблеми од пријавените во Европа каде десетина земји привремено ја запреа имунизацијата на населението со неа. Подоцна Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објавија дека ползата од оваа вакцина ги надминува ризиците.