Инцидент на избирачко место во Бутел

(ФОТО: Курир.мк)

Инцидент е забележан во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ на избирачкото место 2919, кога двајца гласачи се спречкале на што реагирало полициското обезбедување, направен е записник и учесниците не се приведени.

Според извори на НетПрес станува збор за инцидент на двајца гласачи кои се спречкале на разминување во училишниот двор, но немало потешка  физичка пресметка освен кошкање. Процесот на гласањето не бил попречено.

„Во момент на напуштање на училишниот двор дошло до нарушување на јавен ред и мир меѓу 32-годишниот Г.Н. и 48-годишниот Г.Т. поради претходна расправија и несогласувања. Интервенирала и полицијата“ изјавиле од МВР за Кури.мк кој известува дека дошло до тепачка.

Потоа, гласањето во училиштето продолжило нормално. Училиштето се наоѓа меѓу општините Бутел и Чаир, и во него гласаат жителите од двете општини.

На избирачкото место 2686, според невладината ЦИВИЛ, било прекинато гласањето поради тоа што на гласач кому му биле даден четири гласачки ливчиња по излегувањето од зад параванот за гласање имал три. По реакцијата на избирачката комисија, полицијата го прекинала гралаањето и го задржала гласачот очекувајќи налог за претрес.