Кружната трка „Скопје 2017“ којашто се одржува повторни по седум години и во неделата привлече голем број гледачи, е прекината поради инцидент во кој има повредени, објави порталот 24ауто.мк
Во последната дивизија на самата стартно-целна рамнина Урош Бркиќ загубил контрола, излетал од патеката и удрил во бандера и во рекламно пано, повредувајќи едно официјално лице.
Според уште непотврдените информации, во текот на седмиот круг Бркиќ имал проблеми со својата „хонда цивик’ по што удрил во заштитната ограда и притоа го повредил и Александар Димушевски, кој е еден од организаторите на настанот.
Двајцата се префрлени во Ургентиниот центар, а едниот е посериозно повреден. Во моментов трката е прекината и неизвесно е дали ќе продлжи.