Тројца Срби се повредени кога локални Албанци ги каменувале при враќање од црковен обред во селото Петрич кај Клина во Косово, додека еден е уапсен. Раселените Срби од Косово ја прославувале манастирската слава во Високи Дечани и манастирот Девич.
Албанците прво им го блокирале патот на Србите кон цркцата Света Троица во Петрич, а откако полицијата им овозможила да поминат, на враќање од обредот, Албанците ги чекале и ги гаѓале со камења.
Имено, како што пренесе Танјуг, Албанците повторно се собрале пред црквата и ги опколиле раселените Срби кои пред да ги каменуваат ги нарекувале со погрдни имиња.
Раселените Срби си заминале со помош на полицијата, а еден од нив кој се здобил со повреди на главата од камен бил префрлен в болница во Пеќ.