Инцидент во охридската болница, пациент навредувал па давел лекарка

Лекарка од Инфективното одделение во Општата болница во Охрид изминатата ноќ, во текот на дежурството била нападната од пациент револтиран зашто долго време чекал за прелгед.

Мажот прво вербално а потоа и физички ја нападнал лекарката при што ја фатил за вратот, но за среќа присутните на инцидентот спречиле да не дојде до посериозенинцидент.

 

„Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во Инфективното одделение во Охрид, едно лице најнапред вербално, а потоа и физички нападнало вработена на oдделението“, соопшти охридската полиција која презема мерки за расчистување на случајот.