Инцидентот во „Ист Гејт“ е пресметка на криминални групи, кажа Спасовски

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи вчерашното пукање во „Ист Гејт Мол“ го окарактеризира како криминална пресметка. Тој кажа дека точно се знае лицето во кое е пукано и претходната историја на конфликти.

„Да, станува збор за криминална пресметка. Точно се знае позадината на лицето во кое е пукано, и конфликтите кои ги имале. Тие криминални групи кои се разбиени во најголем дел, во многу оперативни акции кои сме ги преземале, говори за еден висок степен на ангажираност и конфронтација на тие криминални групи. Се работи интензивно на утврдување на факти, но не може информациите да ги споделиме со јавноста. Најдобро е сите информации да се земаат од официјалните институции и да не се излегува со шпекулации“, рече Спасовски.