„Индепендент“: Обама сериозно ги сфати заканите на Ердоган

Лондонскиот весник „Индепендент“пишува дека по бомбашките напади на сириските Курди во Анкара, американскиот претседател Барак Обама треба сериозно ги сфати заканите на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган за инвазија врз Сирија.

Според весникот, сириската војна го достигнал врвот, а по бомбашкиот напад во Анкара на 17 февруари во кој загинаа 28 луѓе, Турција се закани со воена операција во Сирија како одмазда.

Обама во петокот во телефонски разговор со Ердоган повикал на воздржаност.

– Турците и Саудијците секогаш се обидуваат да ги поттикнат САД на копнена операција во Сирија, но сами немаат намера да започнат воена интервенција од големи размери, изјавил за весникот поранешен висок дипломат на Блискиот Исток.

Вашингтон знае дека евентуална турска воена акција во Сирија ќе биде насочена кон сириските Курди и борците од Силите за заштита на народот, кои се најдоверливиот сојузник на САД во борба против ИД, наведува „Индепендент“.