Чеврти ден со ред Индија во неделата го забележа рекордниот број заразени со коронавирусот што го зголемува притисокот врз болничкиот систем кој се урива под притисокот на заболените со Covid-19, недостигот од медицински кислород и лекови.
Со 349.691 новозаболени пријавени во неделата во Индија од почетокот на пандемијата се регистрирани речиси 17 милиони сличаи на Covid-19.
Преполните болници со денови грчевито се обидуваат да набават кислород и принудени се да ги одбиваат приемите на нови пациенти, а индиската влада го ангажираше и военото воздухопловство за испораки до болниците во најпогодените области. Ситуацијата е особено тешка во главниот град Њу Делхи, каде што пациентите умираат во болниците бидејќи нема кислород.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предупреди дека состојбата во Индија претставува „погубен потетник“ за она што коронавирусот може да го предизвика. Во изминатите 24 часа бројот на починатите во Индија се зголемил за 2.767, што е најмногу во еден ден.
На почетокот од годината, индиската влада одцени дека се справила со епидемијата. Кон средината на феврауари бројот на новозарезените падна на 11.000 дневно, започна извозот на вакцините и во март индиското министерство за здравство објави дека е во завршницата на епидемијата на коронавирусот.
Меѓутоа, од тогаш избувна новиот бран поттокнат од појавата на новите соеви на коронавирусот, вклучително и повеќкратната мутација на ткн индиски сој, како и од масовните верски собири посебни фестивалот Кумб Мела на кој имаше милиони хиндуитички аџии на почетокот од април.
Болниците во индиската престолнина Њу Делхи и блиската област предупредија дека се на работ на капацитетите, бидејќи одделите за интензивна нега се преполни и повеќе нема слободни кревети.
„Речиси секоја болница е на работ. Без кислород нема излез за многу пациенти. Умираат за неколку минути, Погледнете ги овие пациенти, на респиратори се со високи концентрации на кислород. Кога кислородот ќе запре, повеќето од нив ќе умрат за неколку минути“, изјави за BBC др Сумит Рај.
Во болницата „Jaipur Golden Hospital“ до петокот попладнето требало да пристигнат 3,6 отсто тони кислород, но само мал дел од тоа стасел до полноќта. Ширум земјата изминатата седмица, поради слабата болничка инфраструктира, имаше инциденти со експлозии и пожари на резероварите со кислород, како и истекувања.
Виролозите предупредуваат дека треба да се стори многу повеќе за да се запре ширењето на вирусот. Гагандеп Канг од Христијанскиот медицински колеџ во градот Велоре на југот на Индија, препорачува дека тебеа да осигури да се одржуваат само неопходните активности.
„Знаете какви се индиските венчавки. Треба да се ограничи бројот на лицата на собирите, без оглед дали станува збор за семејни настани или политички собири. Сетот тоа треба да престане“, изјави Канг во прилогот на BBC алудирајќи на предизборните активности минатиот период, кои некои партии и политичари веќе ги откажаа.