Индиското Министерство за одбрана го даде почетното одобрување за купување 26 француски борбени авиони од моделот „Rafale“ за својата воена морнарица и три подморници од класата „Scorpene“, изјавил за агенцијата Reuters во четвртокот извор запознаен со таа тема, пред пристигнувањето на индискиот премиер Нарендра Моди во Франција.
Моди прави обиди да ги продлабочи врските со најстариот стратешки партнер на Индија на Западот, а се очекува склучување повеќе големи договори во сферата на вооружувањето и одбраната, како и нов заеднички план за осигурување на стабилноста на Индопацифичкиот регион.
Договорот ќе се однесува на купување 26 борбени авиони „Rafale“ од францускиот производител „Dassault Aviation“, вклучително и четири тренажни летала, и на три подморници од класата „Scorpene“, коишто ќе ги изгради „Mazagon Dock Shipbuilders“ со француската „Naval Groupe“, рекол соговорникот на Reuters. Поединостите за вкупната вредност на зделките сѐ уште не се познати.
Застарената индиска воена флотила со напуштените советски платформи, поради што Русија не може да го врши нивното одржување, како и доцнењето на индиските планови за производство на паралелни поморски платформи, ги созадоа потребите од овие два нови договора за купување вооружување, велат во Њу Делхи.
Морнаричката варијанта на борбените авиони „Rafale“ е наменета за првиот индиски домашен носач на авиони кој беше воведен во служба минатата година, се покажа како подобра од американските „Super Hornet F18“ на минатогодишните тестирања изведени за потребите на Индија.
Индија веќе четири децении се потпира на француските борбени авиони. Многу пред во 2015 година да ги купи првите „Rafale“, уште во 1980-те години Индија ги купи француските млазни авиони „Mirage“ кои сѐ уште се во употреба во две ексадрили на индиското воено воздухопловство.
Индија во 2005 година од Франција купи шест дизелски подморници од класата „Scorpene“ во износ од 188 милијарди рупии, односно 2,29 милијарди американски долари, од кои последната во служба ќе биде ставена следната година.