Индија и Русија ќе ја прошират поморската соработка

Индија и Русија ќе ги истражат можностите за користење на новите транспортни коридори како што е Сверноморскиот пат и Источниот поморски коридор меѓу пристаништата Владивосток и Ченај за проширување на поморската соработка, соопшто во средата индиската влада.

Индискиот министер за пристаништа, поморство и пловните патишат Сарабанда Соновал и рускиот министер за развој на Далечниот исток и Арктикот, Алексеј Чекунов.

Њу Делхи и Москва со децении оддржуваат тесна соработка во економијата, енергетиката и одбраната, а и покрај константните инсистирања од САД, Индија одбива да ја осуди руската инвазуја во Украина. Напротив, од почетокот на руско-украинската војна и воведувањето на жестоките санкции против Русија, руско-индиската стокова размена повеќекратно се зголеми до историски рекордни нивоа, меѓу другото благодарејќи на увозот на руската нафта која е под западно ембарго.

Претставниците на двете земји на средбата во средбата во рамките на економскиот форум во Владивосток на рускиот Далечен исток, исто така, договориле обика на индиските поморци во поларните и арктички води во Рускиот поморски институт за обука кој е опремен со симулатори.

„Остануваме доследни во одржувањето на силните врски (со Русија) и поттикнување на стратешката соработка во разните сектори… Индија бара партнерство во развојот на Северниот морски пат, препознавајќи го потенцијалот што го поседува за проширување на комуникациите и трговијата“, рекол министерот Соновал, кого го цитира индиското министерство.

Чекунов рекол дека Русија има намера „да ги развива односите со индиските партнери на Далечниот исток во сите области од заеднички интерес“.

Во текот на состанокот двајцата министри „разговараа за широк спектар парашања за поморската комунијација меѓу Индија и Русија за проширување на поморската соработка, вклучително и можноста за користење нови транспортни коридори како што е Северниот морски пат, како и Источниот морски коридор меѓу Владивосток и Ченај“, објавија од Њу Делхи.