Индија до крајот на деценијата ќе ја престигне Германија по својата економска сила, предвидува агенцијата S&P Global Ratings.
Во најновиот извештај на оваа агенција се наведува дека Индија до 2030 година ќе стане третата според обемот светска економија. Индија во моментов е петта економска сила зад САД, Кина, Германија и Јапонија.
Сепак, S&P, кој ја зголеми својата прогноза дури и пред најновите податоци, рече дека растот на Индија ќе зависи од нејзината успешна транзиција кон економија во која доминира производството од економија во која доминираат услугите.
„Најважниот тест ќе биде дали Индија ќе може да стане следниот голем глобален производствен центар, затоа што ѝ се укажува голема можност. Развивањето на силен логистичка рамка ќе биде клучно за трансформацијата на Индија од економија во која доминираат услугите, во економија со доминантно производство“ се наведува во извештајот Global Credit Outlook 2024 од 4-ти декември годинава.
Агенцијата смета дека дигиталниот пазар, финансиската и потрошувачката технологија и автомобилскиот сектор претставуваат основни фактори на економскиот раст на Индија.
Индија ќе остане најбрзорастечката голема економија најмалку во следните три години, поставувајќи ја на пат да стане трета по големина економија во светот до 2030 година, се вели во извештајот на S&P Global Ratings.
S&P очекува Индија, моментално петта по големина економија во светот, да порасне со 6,4 отсто оваа фискална година и проценува дека растот ќе се зголеми до 7 отсто до фискалната 2027 година.
Бруто домашниот производ (БДП) на Индија (INGDPY=ECI) порасна за 7,6 проценти повеќе од очекуваното во вториот квартал од фискалната 2024 година, покажаа податоците минатата седмица, што поттикна неколку брокерски куќи да ја зголемат својата проценка за целата година.
Додека владата на премиерот Нарендра Моди го води домашното производство преку кампањата „Направи во Индија“ и стимулациите поврзани со производството (PLIs), уделот на производството сè уште е приближно 18 отсто од БДП.
Спротивно на тоа, услугите сочинуваат повеќе од половина од БДП на Индија.
Од S&P велат дека развојот на силна логистичка рамка е клучна за да стане производствен центар и дека Индија, исто така, треба да ги „надгради“ своите работници и да го зголеми женското учество во работната сила за да ја реализира својата „демографска дивиденда“.
Индија има една од најмладите работни популации во светот, со речиси 53 отсто од нејзините граѓани на возраст под 30 години.