Индија целосно го поддржува проширувањето на блокот земји БРИКС, изјави во средата премиерот Нарендра Моди во рамките на самитот на петте брзорастечки економии кој се одржува во јужмоафриканскиот град Јоханесбург.
Претходно во вторникот Кина отворено порача дека го поддржива проширувањето блокот земји кои сега го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Тоа го поддржуваа отворено пред самитот и другите земји членки, но Индија досега не се изјаснуваше во прилог на проширувањето.
Во вторникот, на првиот ден од самитот, индискиот премиер Нарендра Моди не го спомена проширувањето, само го истакна брзиот екомомски раст на својата земја, поткрепувајќи го тоа со мноштво бројки и примери.
„Индија целосно го поддржува проширувањето на членството на БРИКС и го поздравуваме напредокот во оваа насока“, изненади во средата Моди.
Индискиот премиер посочи дека за тоа неговата земја се залагала и претходно.
„Во текот на индиското претседателство го дефиниравме БРИКС како група за флексибилно, инклузивно и колективно решение. Седум години подоцна, можеме да кажеме дека БРИКС ќе ги урива баирерите, ќе ја заживува економијата, ќе ја поттикнува иновнатовноста, ќе создава можности и обликување на иднината. Заедно со сите партнери во БРИКС ќе продолжиме активно да придонесуваме за давањето смисла на оваа нова дефиниција“, рече Моди во текот на денешната сесија во рамките на самитот во Јоханесбург.
БРИКС произведува четвртина од светското богатство а во овие земји живее 42 отсто пд светското население. Покрај петте земји кои го сочинуваат овој главно економски блок, за приклучување интерес изразија најмалкиу 19 земји, според министерството за надворешни работи на ЈАР, домаќин на самитот. Меѓу ниви се земји од сите континенти, меѓу кои Саудиска Арабија, Турција, Иран, Египет, Аргентина, Тунис, Нигерија, Куба и други.