Индија со рекорден број новозаразени со коронавирусот

Индија во средата забележала рекорден број новозаразени со коронавирусот, во време додека толпи верници се собираат на верски прослава и покрај строгите мерки и недостиг од респиратори во болниците.

Индија во изминатите 24 часа имала 184.372 случаи на зараза со коронавирусот, покажуваат податоците на тамошното министерство за здравство, со што бројот на заразените од почетокот на пандемијата се зголемил на 13,9 милиони. Починале уште 1.027 лица, па сега вкупно има 172.085 смртни случаи од Covid-19.

Меѓутоа, ниту рекордно високите бројки во пандемијата на коронавирусот на национално ниво не ги спречија илјадници хиндуисти во средата да започнат да се собираат на бреговите на светата река Ганг, на третиот ден на фестивалот Кумб Мела.

Санџај Гунџал, началник на полициските сили задолже ни за одржување на редот на овој масовен верски празник, обајви дека во средата утрото во реката влегле околу 650.000 луѓе.

„Луѓето не се казнуваат бидејќи не ја почитуваат физичката дистанца на гатовите каде нема мешаници, но тепшко е да бидат казнети на местата каде што има извонредно многу луѓе“, рекол.

Агенцијата Reuters пренесува дека многи малк број луѓе носат маски или одржуваат меѓусебна оддалеченост. Градот Харидвар, во кој се одржува празнувањето, последните два дена се потврдени повеќе од илјада нови случаи на коронаинфекциите.

Индија претходно оваа година имаше помалку од 10.000 случаи на заразата дневно, но од 2-ри април според бројот на новозаразените е најпогодената земја на светот. Најлоша е ситуацијата во најбогатата сојузна држава Махараштра, чиј главен град е индиската финансиска престолнина мегалополисот Мумбаи, каде што се регистрирани четвртина од сите случаи во Индија. Таму од средата на сила стапија најстрогите рестриктивни мерки.