Индија тестирала проектил со повеќе боеви глави

Во понеделникот Индија успешно тестирала нуклеарен проектил способен да носи повеќе боеви глави.

Премиерот Нарендра Моди им честиташе на научниците од индиската Организација за одбранбено истражување и развој (DRDO) за првиот тест на лет на ракетата на ракетата „Agni-V“ којашто е развиена во Индија и користи технологија MIRV.

Технологијата MIRV гарантира дека една ракета може да исфрли повеќе боеви глави на различни локации, објави новинскиот канал NDTV.

Само неколку земји – САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција имаат ракети MIRV.

Индија, една од двете најбројни нации на планетата, вели дека ракетната програма што ја развива повеќе од три децении е само за одбранбени цели. Проектилот „Agni“ (хиндуски збор за оган) е еден од најсофистицираните ракетни системи во Индија.

Ракетниот кластер „Agni“ со среден до долг дострел е клучен дел од индиската ракетна програма чија цел, како што велат во Њу Делхи, е главно да се одвратат регионалните нуклеарни ривали Пакистан и Кина.