Младенци во Индија починале веројатно речиси истовремено од срцев удар првата ноќ по венчавката, пишува весникот India Today.
Како што пишува весникот, трагедијата се случила на 30-ти мај во едно од селата во областа Бахраич на северот од индиската сојузна држава Утар Прадеш.
Дваесет идвегодишниот млад маж и дваесетгодишната девојка направиле свадба, по што вечерта се повлекле во својата соба, а следното утро биле пронајдени мртви.
Покрај неочекуваната прерана смрт на двајцата млади, сѐ станало уште помистериозно кога како резултат на експертизата од судската медицина се покажало дека смртта кај младенците настапила како последица на срцев удар.
Податоците од наодот за весникот биле потврдени од локалните полициско-истражни служби, но што точно можело да ги предизвика срцевиот удар истовремено кај двајца многу млади луѓе засега не е објавено.
Весникот пишува дека несреќната двојка младоженци Пратапр Јадав и Пушпа, според хиндускиот обичај, биле кремирани на заедничка клада иста клада во присуство на голема маса луѓе во селото на малдоженецот
Неодамна беше објавено за друг трагичен случај, кога американска двојка загина само четири дена откако се венчала. Трагедијата се случила во текот на медениот месец, на карипските острови Туркс и Каикост, кога морската струја во еден момент станала пресилна и ги повлекла на отворено море