Индијка победи на изборот Miss CosmoWorld 2019

Претставничката на Индија, Сандра Соман, е победничка на меѓународниот избор на убавивца Miss CosmoWorld — 2019.

„Miss CosmoWorld — 2019 -, честитки за Сандра Соман од Индија, којашто крунисана како победничка“, се наведува во соопштението на изборот на Instangram.

Прва придружничка на Соман е Шин Чаеин од Јужна Кореја, а за втора придружничка е избрана Џеса Мае од Филипини. Годинава во потесниот избор биле пријавени девојки од 24 земји.

Победничката на изборот покрај паричниот дел од наградата, ќе добие и патување во Италија и ќе потпише договор со малезиска модна компанија.

Изборот Miss Cosmo World од 2015 година секоја година се одржува во Куала Лумпур. Целта на организаторите е промоција и избор на современи независни девојки кои поседуваат лидерски квалитети. Минатата година победничка беше Филипинката Џенифер Озбо.