Индија ги отфрли „неодговорните и бесмислени“ изјави на пакистанскиот министер за надворешни работи кој го обвини Њу Делхи дека планира започнување воени напади против Пакистан во текот на следниот месец.
Според портпаролот на индиското министерство за надворешни работи Равеш Кумар, пакистанската изјава е дадена со „јасна цел да се засилат воените хистерии во регионо“.
„Пакистан има сигурни информации дека Индија планира план за агресија против Пакистан…. Дополнително, нов инцидент како оној во Пулвама би можело да го исценира Индија во окупираниот Кашмир“, изјави во неделата пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Квареши и истакна дека тоа би можело да се случи меѓу 16-ти и 20-ти април, во периодот кога во Индија започнуваат изборите.
Квареши притоа алудираше на самоубиствениот бомбашки напад во февруари кога во Кашмир беа убиени 42 припаднции на индиските локални паравоени сили, за што одговорноста ја презема пакистанската терористичка група Џаиш е-Мохамед, според која експлозијата ја извршил бомбаш-самоубиец. И официјален Њу Делхи за нападот ги обвини исламските терористи од Пакистан, кои според него ја имаат логистичката поддршка од пакистанските тајни служби, па потоа преема воздушни удари врз кампови за обука на терористите на пакистанска територија.
„Станува збор за трик за јавноста, кој е повик за пакистанските терористи да изведат напад во Индија“, порача Кумар коментирајќи ја изјавата на пакистанскиот министер. Додаде дека Пакистан не може да се амнестира себеси од одговороноста за пограничните напади, како оној во Пулавама, и да дава „хистерични изјав“ за да се забошоти проблемот.
Во текот на 2017 година најмалку 206 бунтовнички активисти, 78 припадници на индиските безбедносни сили и 57 цивили се убиени во Кашмир, во текот на најсмртоносната година во последните десет години во овој регион.
Хималајската висорамнина Кашмир дефакто е поделена меѓу Индија и Пакистан во 1947 година, по завршувањето на британскиот колонијализам во овој дел од свветот. Двете земји се борат за контрола над регионот, а судирот започна со сепаратистичкиот бунт во индискиот дел.
Во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир активни се сепаратистички бунтовници, кои се залагаат за независност на областа Кашмир или за нејзино присоединување на Пакистан. Притоа во Кашмир меѓу Индија и Пакистан војските на двете земји патролираат по линијата на раздвојувањето
Индија и соседен Пакистан досега трипати војуваа меѓу себе од стекнувањето на независноста во 1947 година, од кои две околу Кашмир над кој двете земји сакаат целосна контрола, и редовно изведуваат нуклеарни тестирања откако кон крајот на 1990-те официјално станаа нуклеарни земји кои поседуваат и нуклеарен воен персонал.
Двете земји во 2011 година започнаа мировен процес, но тензиите меѓу нив се зголемија последните две години. По ненадејната посета на Моди на Пакистан на почетокот од 2016 година, двете земји одлучија да започнат дијалог за решавање на спорните прашања.