Индија: Во две експлозии загинаа 13 лица

Најмалку 13 лица загинаа во две експлозии во источната индиска држава Чатигар.

Меѓу жртвите има повеќе полицајци и високи државни претставници кои биле задолжени за одржување на избори во Индија.

Нападите се случиле во временска разлика од половина час, а властите се сомневаат дека се дело на маоистички бунтовници.

Во првата експлозија на бомба, подметната во автобус во Буџапур, загинале седум државни претставници кои биле задолжени за комплетирање на изборните резултати, додека во експлозијата на бомба во амбулантно возило во регионот Бастар загинале пет резервни полицајци и еден возач.

Маоистите наведуваат дека нивната цел е со оружена борба да ја преземат власта во земјата, а индиските безбедосни власти ги сметаат за најголема државна закана.

Овие бунтовници во Индија се активни уште од 60-тите години на минатиот век и наведуваат дека се борат за обаспревените селани на кои им била одземена змејата, додека сега ги ограбуваат на тој начин што експлоатираат наоѓалишта на минерали во државите како што е Чатигар.