Индиски војник од државата Џаму и Кашмир рано утрово, по локално време, убил петмина свои колеги, а потоа се самоубил, изјавил висок офицер на индиската војска.
„Еден од војниците отворил оган врз колегите во базата Сафа Пори. Пет војници се убиени и еден е ранет. Убиецот доцна синоќа извршил самоубиство“, рекол портпаролот на индиската војска.
Тој додал за овој случај е отворена истрага.
Индиските оружени сили, кои што се трети по големина во светот, се обидуваат да пополнат повеќе илјади испразнети места поради тешките услови на воените служби и големите ризици.
Во извештајот на парламентарниот комитет од 2010-та година се наведува дека во период од 2003-та до 2007-ма година се забележани 635 самоубиства.