Индијана ја доби Атланта, Лејкерс подобри од Далас

Кошаркарите на Индијана Пејсер ноќта кон саботата против Атланта Хоукс ја забележаа десетта победа во последните тринаесет натпревари, а Лејкерс беа подобри од Маверикс.

Лос Анџелес Лејкерс со 124:102 го совладаа Далас Маверикс, благодарејќи на Џулиус Ренделс со 18 и Ајзеа Томас со 17 поени, а ги следеше со одличен ефект и Ивица Зубац кој за 18 минути на теренот постигна 14 поени со шут од игра 6 од 7 и 6 скокови.

Идијана со 116:93 ја совлада Атланта, предводена од Домантас Сабонис со 21 поен и 13 скокови, додека Тадеуш Јанг постигна 20 поени.

Лос Анџелес Клипер беа подобри од Феникс Санс со 128:117. Ти Џеј Ворен и Девин Букер беа најдобри во поразениот тим со по 27 кошеви, додека кај Клиперс одличен беше Тобиас Харис со 30 поени и 12 скокови, а Лу Вилијамс додаде 35 поени.

Леброн Џејмс го оствари 11-от „трипл-дабл“ сезонава за победата на Кливленд Кавалирс од 112:89 над Мемфис Грислис. Најдобриот играч на Кливленд запиша 18 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:

 

Њу Орлеанс Пеликанс – Мајами Хит 124:123 (продолжување)
Вашингтон Визардс – Шарлот Хорнетс 105:122
Индијана Пејсерс – Атланта Хоукс 116:93
Детроит Пистонс – Бостон Селтикс 98:110
Торонто Рапторс – Милвоки Бакс 119:122 (продолжување)
Мемфис Гризлис – Кливленд Кавалиерс 89: 112
Хјустон Рокетс – Минесота Тимберволфс 120:102
Јута Џез – Портланд Траил Блајзерс 81:100
Феникс Санс – Лос Анџелес Клиперс 117:128
Денвер Нагетс – Сан Антонио Спарс 122:119
Лос Анџелес Лејкерс – Далас Маверикс 124:102

 

ПЛАСМАН:

Источна конференција

Атлантска дивизја

1. Торонто 41-17
2. Бостон 41-19
3. Филаделфија 31-25
4. Њујорк 24-36
5. Бруклин 19-41

 

Централна дивизја

1. Кливленд 35-23
2. Индијана 34-25
3. Милвоки 33-25
4. Детроит 28-30
5. Чикаго 20-38

 

Југоисточна дивизија

1. Вашингтон 34-25
2. Мајами 30-29
3. Шарлот 26-33
4. Орландо 18-40
5. Атланта 18-42

 

Западна конференција

 

Северна дивизија

1. Минесота 36-26
2. Оклахома Сити 34-26
3. Денвер 33-26
4. Портланд 33-26
5. Јута 30-29

Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт 45-14
2. ЛА Клиперс 31-27
3. ЛА Лејкерс 23-34
4. Сакраменто 18-40
5. Феникс 18-42

Југоисточна дивизија

1. Хјустон 45-13
2. Сан Антонио 35-25
3. Њу Орлеанс 32-26
4. Мемфис 18-39
5. Далас 18-40