Индијка од сопругот побара мотоцикл за да добие „инстант развод“

Дваесетгодишна жителка на индискиот град Бхиванди, во сојузната држава Махараштра, поднела тужба против поранешниот сопруг поради тоа што тој прибегнал кон од неодамна забранетата муслиманска практика за развод ткн „троен талак“.

Како што пишува во неделата весникот Hindustan Times, навредената млада жена барала да ѝ се исплати надомест во износ од 50.000 рупии, околу 780 американски долари, или во вид на нов мотоцикл.

Весникот уште пишува дека повредената жена се омажила во 2016 година, но веќе по шест месеци по започнувањето на семејниот живот од сопругот добила писмо со коешто тој, во согласност со муслиманската традиција со трикратното изговарање на зборот „талак3 (од арапско – развод), го прекинал бракот со неа без никакви формални процедури.

Обидувајќи се да добие правда, жената се обратила до полицијата а потоа поднела и тужба во судот. Сепак, во нејзината тужба за својот поранешен сопруг за нелегалниот развод таа наведува и дека повеќепати била подложена на „најлошо однесување“ од негова страна во текот на кусиот брачен живот, како и за „тортура“ од неговото семејство. Според весникот, наскоро поранешниот сопруг и неговите роднини треба да се јават во полицијата.

Практиката „троен талак“ беше прогласена за незаконска со одлука на Врховниот суд на Индија во август минатата 2017 година. Таквата пресуда е донесена поради тоа што практиката на „инстант развод“ противречи на главните принципи на исламот и на членот 14 од индискиот устав, кој ја гарантира рамноправноста на граѓаните.

Во многу муслимански земји, исто така, „тројниот тала“ е забранет, а локалните теолози ја доведуваа во прашање дозволеноста на „моменталниот развод. Но и покрај тоа, до неодамна муслиманите во Индија активно ја користеа оваа практика. Покрај тоа, со развојот на современата технологија разводите на бракот на овој начин станале уште полесни. Имено, забележани се случаи кога сопрузите ги известувале своите жени за разводот преку СМС пораки или преку други мобилни услуги.