![kastratovic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/133109697.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Европската ракометна федерација ги објави имињата на 21 легенда во машка и женска конкуренција кои ќе бидат промовирани во нови членови на куќата на славните, а меѓу нив има една македонската легенда.
Поранешната репрезентативка на Македонија и член на генерацијата која триумфираше во Лигата на шампионите, Индира Кастратовиќ е на листата на новите членови на Куќата на славните. Во куќата на славните претходно се најде и нашиот Кире Лазаров.