Индонежанец се чувстува измамен по продажба на метеорит

Индонезиски изработувач на мртовечки сандаци кој проншол метеорит откако му го пробил покривот пред неколку месеци, се жали дека се чувствува изигран откако му го продал каменто на Амриканец за 14.000 долари.

Џошуа Хутагалунг, кој живее во покраината Северна Суматра, изјави за весникот The Jakarta Post, дека се вознемирил откако дознал дека вселенскиот камен е проценет на 100 пати повисока цена, односно на 1,8 милиони американски долари.

„Доколку тоа е вистина, измамен сум и разочаран“, изјавил 34-годишниот Хутагалунг.

Вели дека на американскиот експерт за метеорити Џаред Колинс му го продал 1,8 килограми од каменот од 2,5 килограми, за кој се проценува дека е стар 4,5 милијарди години за 200 милиони рупии, или 14.000 американски долари.

„Сите 200 милиони што ги добив со продажба на метеоритот на Колинс ги потрошив на помош на семејството и сирачиња, за изградба на црква и поправање на гробовите на моите родители“, рекол Хутагалунг.

За неговото откритие се дозна откако за тоа објаво на Facebook, а пушуваа локалните медиумит. Рекол дека во почетокот одбивал да го продаде каменот, но попуштил отккао Колинс понудил дополнителни 14 милиони рупии, односно 992 долари, за поправка на покривот кој го оштетил метеоритот.

Колинс потоа каменот му го продал на богат колекционер кој го чува во течен азот во Центарот за проучување метеорити на Државниот универзитет во Аризона, објави британскиот таблоид The Sun.

Хутагалунг рекол дека ќе го задржи остатокот од каменот во семејството и дека нема да го продава и покрај неговата вредност.