Индонезија: Уапсени 185 лица поради подметнување пожари

Индонезиската полиција уапси 185 лица, кои се осомничени дека подметнале шумски пожари, поради кои се шири густ и опасен чад во југоисточниот дел на Азија.

Портпарол на полицијата изјави дека минатата недела до обвинителството официјално се поднесени кривични пријави против 23 лица, додека 45 луѓе ќе се најдат пред суд подоцна овој месец.

Полицијата и понатаму ги истражува останатите случаи.

На осомничените би можело да им се суди врз основа на законот за заштита на животната средина, кој предвидува максимална казна од десет години затвор за подметнување пожари.