Индонезија: Егзекутирани шест лица поради трговија со дрога

Во Индонезија синоќа беа егзекутирани шест лица, осудени на смртни казни поради трговија со дрога, пишува МИА.

Кусо по полноќ на различни локации беа застрелани четворица мажи, од Малави, Бразил, Нигерија и Холандија и две жени, една Виетнамка и една Индонезијка.

Ова се првите смртни пресуди од почетокот на мандатот на претседателот Џоко Видодо во октомври минатата година. Тој одби да ги помилува шестмината обвинети, како и уште 60 други лица со смртни пресуди за трговија со дрога.

„Амнести интернешнл“ ја нарече егзекуцијата чекор назад за човековите права во земјата.