Во северниот дел на индонезискиот остров Суматра постои голема веројатност од силна ерупција на вулканот Синабунг, пренесува МИА.
Вулканот, чиј кратер е на височина од 2.600 метри, од вторникот засилено исфрла пепел и лава, а се претпостува дека неговата активност е причина за вчерашниот земјотрес на островот Борнео.
Населението во област од седум километри околу вулканот е евакуирано во собирни кампови. Вулканот, кој мируваше четири века, повторно оживеа во август 2010 година, кога загинаа две лица, а беа 300.000 други беа евакуирани. Три и пол години подоцна, во февруари 2014 од лавата на вулканот Синабунг загинаа 16 лица.
Вулканот Синабунг е дел од таканаречениот „Пацифички круг на огнот’’, во кој само во Индонезија има 120 активни вулкани.