Индонезиски студент, за кој се верува дека е одговорен за стотици силувања, е наречен најголемиот британски силувач во историјата, откако е осуден за повеќе од 150 кривични дела сторени во повеќе од две и пол години.
Триесет и шестгодишниот Рејнхард Синага е прогласен виновен, бидејќи во својот стан намалил 48 мажи од кафулиња и клубови во Манчестер. Таму им подметнувал дрога и ги силувал, а во некои случаи сето тоа го снимал со мобилен телефон.
Според британските медиуми, возрасниот студент од Индонезија, полицијата го сомничела за силување или сексуален напад на најмалку 195 мажи во текот на две и пол години.
„Најголемиот силувач кому некогаш му е судено на британски суд, денеска е осуден на доживотен затвор затоа што дрогирал и нападнал 48 мажи“, објави судот.
Судијата во понеделникот, по четирите одвоени процеси, го осуди Синага на минимално 30 години затвор.
„Незаканувачкот ооднесување на Синага ги навело тие млади мажи, од кои многумина му биле благодарни бидејќи им понудил сместување, да мислат дека тоа чудовиште е Добриот Самарјанец“, рекол државниот обвинител Иан Раштон.
Обвинителот додал дека е докажано оти Санага извршил 159 кривични дела, меѓу кои 136 силувања, кои ги снимил на два мобилни телефона. Полицијата допрва треба да идентификува уште најмалку 70 од неговите жртви, а запленила огромен материјал кој може да се смести на 250 ДВД.
Синага веќе отслужува 88 истовремени доживотни казни со минимални 20 години затвор пред да може да смета на условна казна по неговите први две судења, кои се однесуваат на 25 жртви кои биле сослушувани во текот на 2018 и 2019 година, а во понеделникот е осуден за дополнителни 23 жртви.
Синага кој се доселил во Велика Британија во 2007 година, на 24-годишна возраст, прережно намамувал повозрасни тинејџери или мажи во раните 20-ти години. Тој ги сочекувал своите жртви, претежно хетеросексуални мажи, кои се разделиле со друштвото, останел без пари или им се потрошиле батериите на мобилните телефони, обично по полноќ пред клубовите кои биле на неколку минути пешачење од неговиот стан во центарот на Манчестер.