Забрзува растот на индустриското производство. Во август статистиката бележи раст од 12,7%. Ова е прв повисок раст на индустријата од почетокот на годината и се поклопува со периодот на надминувањето на политичката криза, пишува Економски.мк.
По сектори, во август силен раст забележа рударството од 18,2% споредено со истиот месец во 2014 година. Преработувачката индустрија забележала раст од 8,4%, а секторот снабдување со електрична енергија растот изнеусва 45%.
Од почетокот на 2015 година индустријата на периоди беше во негатива, па затоа кумулативно од јануари до август производството бележи скромен раст од 1,7%.
Трендот ќе продолжи и следната година
Високиот раст во август дава оптимизам дека кризата завршила и дека трендот до крајот на годината ќе биде позитивен, а тоа ќе продолжи и во наредната година.
Поттик на индсутријата, според бизнисмениете, ќе и даде и буџетот за идната година. Парите за капиталните прокети се проектирани на досега највисоки 400 милиони евра или 12,9% повеќе од лани.
– За бизнис заедницата е значаен развојниот сегмент. Изградбата на автопатите, локалните и регионалните патишта, осовременување на железничкиот транспорт, средувањето на зоните за да се привлечат нови инвеститори. Ова значи ангажман на домашните компании, вели Александар Зарков, оперативен директор на Сојузот на стопански комори.
Оптимизмот го подгреваат и најавите за новите инвестиции кои се подготуваат за старт на производство.
„Во овој период од месец и пол – два има активности во осум компании во Македонија. Три од нив веќе почнаа производство во последните месец дена, тоа е италијанската „Дијатек“, германската „Техникал текстаил“ и компанијата од Дубаи „Ејпл Ленд“ во Ресен. Две од нив започнаа градба на свои фабрики, тоа е оваа ОДВ „Електрик“ и „Кондево“ од Италија, а дополнителни три се во завршна фаза на градба и некои од нив во наредните месец, два до три ќе почнат со производство, тоа е компанијата КСС во Кичево, компанијата „Макард“ во Велес и „Гентерм“ во Прилеп“, изјави неодамна премиерот Никола Груевски.
Производствoто ја намалува невработеноста
Растот на производството носи и намалување на невработеноста. Таа во вториот квартал од 2015 година падна на истириски најниското ниво од 26,8%. Падот се должи на новите инвестиции, но и на владиниот проект „Македонија вработува“ кои од стартот на годината донесао околку 20.000 вработувања.
Преку „Македонија вработува“ 4000 компании ангажирале над 6100 лица, а инвеститорите отвориле над 13.000 работни места.
„Работни места се отвараат и ќе се отвараат и понатаму. Дрекселмаер од Кавадарци досега вработил 5.358 лица, Кромерг и Шуберт од Битола 2.091 лице, а ќе вработат уште илјада, Џонсон Мети и Ван Хул по 600 лица, Анфенол во Кочани 484 лица, а ќе вработи вкупно 1.500, Џонсон контролс во Штип 1600 луѓе, Кемет електроникс досега вработил 257, а ќе вработи 500 лица вкупно, Гентерм во Прилеп вработил 154, а ќе вработи вкупно 2000 луѓе. ОДВ електрик кој вчера започна со изградба на фабриката во ТИРЗ Охрид/Струга ќе вработи вкупно 1000 лица, Маркарт во Велес ќе отвори 600 работни места, Техникајл Текстајл во Штип 500 нови работни места, Ки сејфти системс во Кичево ќе отвори 1000 работни места, Костел исто така во Охрид ќе отвори 1000 нови работни места итн. Досега во технолошко индустриските зони и индустриските зони странските директни инвестиции отворија 13.441 работно место. Со тоа се обезбедеува егзистенција за 13.441 семејство. Стапката на невработеност е на најниско историско ниво“ – изјави вицепремиерот Зоран Ставрески минатата недела.