Индустриските производи намалени за 0,5 отсто

Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември 2014 година на месечно ниво бележат пад од 0,5 отсто, а на годишно ниво од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во ноември 2014, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5 отсто.

Во ноември 2014, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,4 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,6 отсто.

На домашниот пазар продажните цени на производителите на индустриски производи во декември 2014 година на месечно ниво се пониски за 3,7 отсто, а на годишно за 3,8 проценти.