Индустриските производи со пониски продажни цени

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, односно за 4,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика, објави МИА.

Во март оваа година во споредба со февруари, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0,6 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се непроменети.

Во март 2015, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,3 отсто и Капитални производи за 0,5 отсто, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се непроменети.