Индустриското призводство зголемено за 10 отсто

За 10 отсто е зголемено индустриското производство во Македонија во мај годинава, во споредба со истиот месец лани. Поточно, според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во овој период на годишно ниво се зголемило за 9,7 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година,бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за ,.4 отсто, Капитални производи за 77 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,9, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10,8 и Трајни производи за широка потрошувачка за 19,7 отсто.

Притоа, гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 13,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26,1 отсто.