![133541154 производство](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/01/133541154-13.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Според објавените податоци, индустриското производство бележи раст од 3,4 проценти во декември минатата година во споредба со декември претходната година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи опаѓање од 1,3 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13,6 отсто.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на поголемото производство во следните оддели: производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на облека, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерали, производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 8 отсто, Капитални производи за 2,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто.