Индустриското производство во Турција повторно нагло порасна во април, а продажбата на мало скокна, според податоците на статистичкиот институт Туркстат, цитирани од ДПА.
Во текот на април, индустриското скокна за 10,8 отсто во однос на истиот месец минатата година, по растот од 9,8 отсто во март. Производството расте годишно од јули 2020 година, пренесува Хина.
Од секторите се издвојува преработувачката индустрија со стапка на раст од 11,9 отсто, а силно бележи и производството во секторот рударство и вадење камен, за 7,4 отсто. Секторот за производство на електрична енергија и гас стагнираше.
Посебен извештај на Туркстат покажа нагло забрзување на продажбата на мало, која порасна за 14,7 отсто во април, што е најсилно од октомври минатата година.
Без моторните горива, продажбата на непрехранбени производи е зголемена за 31,3 отсто, додека продажбата на храна, пијалаци и тутун е намалена за 1,1 отсто.
На месечна основа, продажбата на мало се зголеми за 2,1 отсто во април, по растот од 0,7 отсто во претходниот месец.
Продажбата расте во услови на висока инфлација, која во април достигна 70 проценти, примарно од двојно повисоката цена на превозот. Еден месец подоцна, инфлацијата дополнително се зголеми, достигнувајќи 73,5 отсто, според податоците на Туркстат.