Инфалцијата во еврозоната забрза во октомври и надмина 4 отсто

Инфалцијата на годишно ниво во еврозоната силно забрзала во октомври, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 13 години, поттикната од високите цени на енергенсите, покажаа податоците кои во петокот ги објави Eurostat.

Годишната стапка на инфлацијата, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (CPI), пораснала во октомври на 4,1 отсто, највисокото ниво од април 2008 година, покаќуваат пресметките на статистичарите во Европската унија. Во септември, пак, изнесувала 3,4 отсто.

Кога ќе се исклучат цените на енергенсите, храната, алкохолот и тутунските производи кои се подложни на осцилации, изнесувала 2,1 отсто и била за 0,2 процентни поени повиска отколку во септември.

Најмногу во октомври пораснале цените на енергенсите за 23,5 отсто во однос на ланскиот октомври, по 17.5-процентниот скок во септември. Забрзал и растот на цените на услугите, од 1,7 во септември на 2,1 отсто во октомври.

Цените на индустриските производи пораснале за 2,0 отсто, речиси со исто темпо како и во семтември, додека растот на цените на свежата храна забавил од 2,6 на 1,4 отсто.

Меѓу членките на еврозоната најсилен раст на цените во однос на минатогодишниот октомври бележат Литванија и Естонија, за 8,2 односно за 7,4 отгсто.

Во Германија, најсиланата европска економија, цените во октомври биле повисоки за 4,6 отсто отколку во истио лански период, делумно и поради ниската споредбена основа во минатата 2020 година, кога владата привремено ја снижи стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ).