Инфлацијата ја „изела“ пандемиската заштеда на Германија

Инфлацијата ја избришала заштедата на Германците во текот на пандемискиот период, објави во вторникот институтот Ifo, што економија ќе ја лиши од личната потрошувачка како придвижувач на растот до крајот на годината.

Домаќинствата Германија заштеделе во периодот од април 2020 до март 2021 година околу 70 милијарди евра повеќе отколку во просечна година, изјави шефот за економски истражувања Ifo, Тимо Волмершаузер.

Меѓутоа, како што покажуваат билансите на банките, потрошувачите до крајот на годината се повеќе ја трошат таа заштеда. До крајот на првиот годинешен квартал вишокот депозити речиси целосно се истопил, додава Волмершаузер.

„Во второто тримесечје трендот продолжил со речиси непроменето темпо“, вели еден од челниците на Ifo, додавајќи дека неговиот главен двигател веројатно е инфлацијата.

Според процените на економистот, потрошувачките цени и натаму силно растат, што значи дека „личната потрошувачка, за жал, нема во остатокот од годината да делува како економски мотор во Германија“.

Потрошувачката повторно силно пораснала во првите месеци од годинава, и покрај високата инфлација но „од средината на годината многу водечки показатели откриваат јасен ефект на задушување, се заклучува во извештајот.