Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница укажа дека никој од владеачкото мнозинство не го испочитува премиерот и ниту седеше на седницата за да го ислуша. На седницата ниту еден од владеачкото мнозинство не дискутираше околу разрешувањето на министерот без ресор за дијаспора. Тој дури ги запраша пратениците од владеачкото мнозинство, како се фалат во дијаспората со цените кои се моментално во Македонија.
„Како се фалиме пред дијаспората кога ќе им кажеме дека имаме инфлација на пример на лебот и на житата од 39,1%? Дека животот е многу подобар тука? Или дека инфлацијата на масло и масти е од околу 18,4%. И 36% зголемување кај млекото, сирењето и јајцата“, заклучи Јаревски.
Тој додаде дека има 28,3% има зголемување на цените кај месните производи.
„Или по ставки ако сакате, можеме и така, храната и безалкохолните пијалоци е просечно 25%, ресторани и хотели 21% итн. Ова се поразителни показатели, но ете можеби некој се гордее од Владата“, рече пратеникот.
Јаревски потсети дека Владата се фалеше дека Македонија ќе има 5,3 милијарди евра Буџет. Тоа иако беше надвор од реалноста сепак Владата се фалеше.