Инфлацијата и кренатите камати ја кочат германската економија

Високата инфлација во Германија ја намалила потрошувачката, а подигнатите каматни стапки ги одвраќаат компаниите од вложувања, што ќе ја закочат германската економија во оваа и во следната година, предупредија во средата владините економски советници.

Владините економски советници ја ревидирале прогнозата според којашто германската економија оваа година би требало да се соочи со блага рецесија и сега очекува стагнација, со прогнозирана стапка на раст од 0,2 отсто. Следната 2024 година активноста би требало да порасне за 1,3 отсто, според нивните пресметки.

Прогнозата оваа година благо е подобрена поради постабилното снабдување со енергијата која го ублажила растот на велепродажните цени и отворањето на кинеската економија по укинувањето на строгите мерки за сузбивање на коронавирусот и очекуваното јакнење на странската побарувачка, толкуваат германските стручњаци.

„Силниот раст на активностите во оваа и во следната година го спречуваат ослабената куповна моќ, поради инфлацијата, како и влошените услови за финансирање и бавното закрепнување на странската побарувачка“, појасни претседателката на советодавниот панел Моника Шнитцер.

Европската централна банка (ECB) чувствително ги подигна каматните стапки за да ја заузди инфлацијата, што ги влошило условите за финансирање на домаќинствата и претпријатијата и ги задушила потрошувачката и вложувањата, наведуваат владините советници.

Построгата монетарна политика веројатно позначително ќе влијае на инфлацијата и ќе го закочи растот на цените во текот на годината, додаваат.

Инфлацијата во еврозоната сѐ уште е далеку од зацртаните 2 отсто, па ECB веројатно ќе мора повторно да ги крене каматните стапки, истакна членката на советодавното тело на владата во Берлин, Улрике Малмендер, додавајќи дела борбата против инфлацијата на централните банки им ја отежнува неизвесноста на финансиските пазари во изминатите седмици.

Инфлацијата годинава, според процената на советниците на германската влада, би требало да изнесува 6,6 отсто и да се лизне на 3 отсто во 2024 година.

Растот на потрошувачките цени забележително ќе забават дури во следната година, поради зголемувањето на платите и повисоките произведувачки цени коишто уште извесен период ќе го попречуваат попуштањето на инфлацијата, вели членот на советот Мартин Вердинг.

„Инфлацијата сѐ повеќе се шири на целата економија“, предупреди Вердинг.