Инфлацијата во Албанија достигна 8,1 отсто и е највисока во последните две децении

Инфлацијата во Албанија во септември достигна 8,1 отсто што според Институтот за статистика (ИНСТАТ), што е највисокото ниво забележано во повеќе од две децении.

Во истиот месец минатата година стапката на инфлација била 2,5 отсто.

– Најголемо влијание имаа силниот раст на цените на храната за 4,9 отсто, како и транспортот поради континуираното поскапување на горивата. Споредено со септември минатата година, зголемувањето на цените и за двете групи забележуваат двоцифрени бројки, и заземаат речиси половина од семејните буџети, објави ИНСТАТ.

Во групата на прехранбени производи, растот на цените е висок кај речиси сите производи, особено кај млечните производи, маслото за јадење, па дури и зеленчукот.

Значително повисоки се и станарините, цените на мебелот, покуќнината, облеката, а зголемени се и трошоците за здравство.

Оваа стапка на инфлација од 8,1 отсто е речиси трипати повисока од целта на Централна банка на Албанија од три проценти. Банката на 8 октомври ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,25 проценти, што е четврта интервенција годинава, со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.

Стапката на инфлација минатиот месец беше осум проценти, јули 7,5, во јуни 7,4 во мај 6,7 отсто, во април достигна стапка од 6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.