Инфлацијата во Аргентина до крајот на годината би можела да достигне рекордно високо ниво од 76 отсто, предвидуваат експерти на аргентинската Централна банка.
За годинава експертите предвидуваат зголемување на цените од 38 до 48 проценти, во 2023 раст за 60 отсто, а во 2024 година зголемување од 50 проценти.
Аргентина веќе неколку години е меѓу земјите со најголема инфлација. Во 2021 година инфлацијата изнесуваше 50,9 отсто, во 2020 – 36,1, во 2019 – 53,8, а во 2018 година – 47,6 проценти.