Инфлацијата во ЕУ значително забавила во јануари

Инфлацијата во Европската унија значително забавила на почетокот на годината, објави во четвртокот Eurostat, потврдувајќи ја проценката за благо забавување на растот на потрошувачките цени во еврозоната.

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во јануари се намалила на 3,1 отсто, од 3,4 отсто во претходниот месец и со тоа се изедначила со нивото од ноември. На месечна основа, цените се лизнале за 0,2 отсто, откако во декември беа зголемени за 0,1 отсто, покажуваат табелите на Европскиот завод за статистика.

Во јануари, годишната стапка на инфлација мерена со HICP изнесувала 2,8 отсто во еврозоната, согласно проценката на Eurostat објавена на почетокот на февруари. Во декември таа изнесуваше 2,9 отсто.

Цените на енергијата најмногу паднале на почетокот на годината во еврозоната, за 6,1 отсто во однос на истиот период лани, поблаго од декември.
Свежата храна, пак, поскапела за 6,9 отсто во однос на јануари лани, речиси исто како и претходниот месец.

На месечна основа, цените во 20-члената економија во јануари паднале за 0,4 отсто, откако во декември пораснаа за 0,2 отсто.

 

Романија со најголема инфлација

Во јануари 2023 година, годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 8,6 отсто, а на ниво на ЕУ достигна 10 отсто.

Романија, која не е во еврозоната, имала убедливо највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ на почетокот на 2024 година, од 7,3 отсто. По Романија, меѓу земјите кои не се дел од еврозоната, цените најзначајно пораснале во Полска и во Бугарија, за 4,5 односно за 4 отсто.

Меѓу земјите кои ја користат заедничката валута еврото, цените најмногу пораснале во Естонија, за 5 отсто во однос на јануари минатата година. По неа следи Хрватска, најновата членка на еврозоната во која влезе со почетокот на годинава, со цени според HICP за 4,8 отсто повисоки од јануари 2023 година, кога годишната стапка на инфлација достигна 12,5 отсто. Во декември лани цените се повисоки за 5,4 отсто во однос на истиот месец од претходната година. На месечно ниво, потрошувачките цени во Хрватска во јануари 2024 година беа за 0,3 отсто пониски во однос на декември, кога забележаа ист процентен пад.

Убедливо, потрошувачките цени повторно најблаго пораснал во Данска, која не е членка на еврозоната, за 0,9 отсто во споредба со јануари минатата година, се наведува во извештајот на Eurostat.

Истиот процентуален раст, најблаг меѓу членките на еврозоната, забележале Италија, потоа Летонија, Литванија и Финска, каде што потрошувачките цени на почетокот на годината биле за 1,1 отсто повисоки од претходната година, објави Заводот за статистика на ЕУ.