Инфлацијата во еврозоната благо ослабела и во февруари и се лизнала на 2,6 отсто, а најновата членка на блокот на единствената евроопска валута – Хрватска се издвојува со најголем пораст на потрошувачките цени, покажаа во петокот објавените прелиминарни пресметки на Европската статистичка служба.
Во јануари годишната стапка на инфлацијата во еврозоната, мерена преку усогласениот индекс на потрошувачките цени (HICP), изнесувала 2,8 отсто.
Во декември минатата година, растот на цените забрза првпат од пролетта и достигна 2,9 отсто, поради значителното зголемување на цените на храната.
На месечна основа, цените во еврозоната во февруари пораснале за 0,6 отсто. Во јануари тие беа намалени за 0,4 отсто во однос на декември.
Цената на свежата храна во февруари пораснала за 2,2 отсто во однос на истиот месец лани, што е многу поблаго отколку на почетокот од годината кога беше дури 6,9 отсто поскапа од пред 12 месеци.
Противтежа на поблагиот пораст на цените на храната бил значително поблагиот пад на енергенсите, за 3,7 отсто во однос на ланскиот февруари. Во јануари беше за 6,1 отсто поевтина од почетокот на 2023 година.
Без енергијата и свежата храна, годишната стапка на инфлација во еврозоната во февраури изнесувала беше 3,3 отсто и била за 0,3 процентни поени пониска од јануари, што е одраз на поблагите покачувања на цените на индустриските стоки.
Во февруари, според податоците на Eurostat, Хрватска забележала најсилен раст на потрошувачките цени на годишно ниво, мерено со HICP, од 4,8 отсто, со иста стапка како и во јануари. На месечно ниво, цените мерени со HICP се зголемиле во Хрватска во февруари за 0,3 отсто. Во јануари бележеа ист процентен пад.
Во групата земји од еврозоната со најзначаен раст на потрошувачките цени во февруари на годишна основа, мерено со HICP, се Естонија и Австрија, со стапки на инфлација од 4,4 и 4,2 отсто, соодветно.
Цените во Летонија и Италија, пак, најблаго во февруари на годишна основа, за 0,7 и 0,9 отсто, соодветно.