Инфлацијата во еврозоната стабилна во август

Стапката на инфлација во еврозоната во август се задржа на 5,3 отсто, покажаа во четвртокот објавените први проценки на Eurostat.

Во август годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со усогласениот индекс на потрошувачките цени (HICP) изнесувала 5,3 отсто, останувајќи на јулското ниво, пресметаа статистичарите. На месечно ниво, пак, цените во август пораснале за 0,6 отсто, откако во јули паднаа за 0,1 отсто.

Цените на енергијата во август се пониски за 3,3 отсто во однос на истиот месец лани, по падот од 6,1 отсто во јули. Цената на свежата храна пораснала за 7,8 отсто, нешто пониско отколку во јули. Растот на цените на услугите благо забавил, од 5,6 на 5,5 отсто.

Без цените на храната и енергијата, инфлацијата во еврозоната во август изнесувла 6,2 отсто и е пониска за 0,4-процентни поени во однос на јули. Пониската стапка на базичната инфлација одразува поблаги зголемувања на цените на индустриските стоки и услуги.

Месечната споредба покажува промена на трендот на движењето на цените на енергенсите кои во август скокнале за 3,2 отсто во однос на јули кога се намалени за 0,2 отсто.

Словачка во август забележа најсилен раст на потрошувачките цени на годишно ниво од 9,6 отсто. Следува Хрватска со стапка на инфлација во август, мерена со ХИЦП, од 8,5 отсто. Во јули таа изнесуваше осум проценти.

Балтичките земји бележат највисоки стапки на инфлација со месеци, но растот на цените оттогаш забави, па Литванија, земјата во групата со највисока стапка на инфлација, со 6,4 отсто во август, се израмни со Германија. Во Австрија поскапувањата биле повисоки и достигнаа 7,6 отсто.

Најблаг раст на цените е забележан во Белгија и Шпанија, од по 2,4 отсто. Следува Кипар со три процента.