Инфлацијата во еврозоната во еврозоната маргинално пораснала во април на годишно ниво и изнесува 7 отсто, покажуваат во вторникот прoцени на Eurostat.
Во март годишната стапка на инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) во 20-члената еврозона изнесуваше 6,9 отсто. На месечно ниво, цените во април во еврозоната пораснале за 0,7 отсто, според табелата на Eurostat.
Од главните фактори на хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, најмногу на годишно ниво поскапеле храната, алкохолните пијалаци, како и тутунот и тутунските производи, за 13,6 отсто.
Следат индустриските стоки, без енергијата чијашто цена пораснала за 6,2 отсто. Поскапеле и услугите, за 5,2 отсто во однос на истиот минатогодишен период, според прелиминарните процени.
Енергијата, исто така, поскапела, и тоа за 2,5 отсто во споредна со април 2022 година. Во март беше поевтина за 0,9 отсто во однос на една година порано, според споредбената табела.
Кога ќе се исклучат цените на свежата храна и на енергијата, стапката на инфлацијата изнесувала 7,3 отсто. Во март изнесуваше 7,5 отсто.
Во април двоцифрена инфлација бележеле само балтичките земји и Словачка. Највисоката ја имала Латвија од 15 отсто, а следи Словачка со 14 проценти, а близу се и Литванија и Естонија со годишна стапка на инфлацијата од 13,3 односно 13,2 отсто.
Најскромно на годишно ниво потрошувачките цени пораснале во Луксембург и Белгија, за 2,7 односно за 3,3 отсто, според првичните процени на европското биро за статистика.