Инфлацијата во зоната на користењето на единствената европска валута остро забрзала во јули, достигнувајќи го новото рекордно ниво од 8,9 отсто, поддржана од континуираниот раст на цените на енергијата и храната, покажуваат во петокот објавените прелиминарни процени на Eurostat.
Растот на потрошувачките цени во 19-те земји во еврозоната, искажан со хармонизираниот индекс на потрошувачката цена (HICP), во јули на годишно ниво силно забрзал на 8,9 отсто од 8,6 отсто од јуни, покажува првичната процена на европската статистичка агенција.
Главната причина за силното забрзување и натаму е скокот на цените на енергијата, поддржана од војната во Украина и санкциите против Русија, како и незивесностите во врска со снабдувањето со гас.
Цените на енергијата во јули во еврозоната така иле за 39,7 отсто повисоки отколку истиот месец минатата година, по 42-процентниот раст во јуни годинава.
Изразено и натаму растат цените на храната, па така во јули биле за 11 отсто поголеми отколку во истиот период лани, а во речиси истиот процент се зголемени и еден месец порано, покажуваат процените на Eurostat.
Кога ќе се исклучат многу променливите цени на енергијата и храната, годишната инфлација забрзала на 5 отсто во јули, од 4,6 отсто во јуни.
Најголемите годишни стапки на инфлација во јули бележеле балтичките земји, а најголема повторно имала Естонија со 22,7 отсто. Во Литванија и во Латвија достигнала 20,8 односно 21 отсто.
Половината од земјите во еврозоната имаат двоцифрени годишни стапки на инфлацијата, а во распон од 10 до 20 отсто најмногу бележи Словачка од 12,8 отсто. Блиску се и Словенија, Холандија и Грција, со инфлација од околу 11,6 отсто.
Инфлација пониска од 10 отсто имаат Ирска од 9,6 отсто и Португалија од 9,4 отсто. Следат Луксембург и Австрија со раст на потрошувачките цени од 9,3 отсто на годишно ниво.
Германија и Италија, првата и третата економија во Европа, бележат инфлација од 8,5 односно 8,4 отсто, покажуваат прелиминарните податоци.
Најниската инфлација, пак, ја има Малта од 6,5 отсто, покажуваат најновите показатели на Eurostat.